Од „Евровизија“ – на фронт!

Фронтменот на украинскиот бенд „Калуш оркестра“, кој во саботата победи на Евровизија, вчера е снимен како се збогува со девојка пред да се врати во Украина, каде што, пишува британски „Дејли мејл“, ќе ѝ се придружи на украинската војска на првата линија на фронтот.



Олег Псиук, фронтменот на украинската фолк-рап група „Калуш оркестра“, вчера е снимен пред хотелот во којшто престојувал во Торино додека се поздравува со својата девојка Олександра, објави „Дејли мејл“.