Украина може да ја победи Русија, убедува Столтенберг

Украина може да постигне победа во својата борба против руските сили, бидејќи ситуацијата на бојното поле не се развива според плановите на Москва, смета генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.



„Руската војна во Украина не оди како што планираше Москва. Не успеаја да го заземат Киев, се повлекуваат од околината на Харков, нивната голема офанзива во Донбас е запрена. Русија не ги постигнува своите стратешки цели“, објасни тој.

„Украина може да победи во оваа војна. Украинците храбро ја бранат својата татковина“, рече првиот човек на Алијансата, додавајќи дека снабдувањето со оружје и другата поддршка од нејзините поддржувачи „прави вистинска разлика на бојното поле“.

Затоа, порача Столтенберг, НАТО треба да продолжи да ја поддржува Украина.