Коѕијас: Дојдено е време за компромис!

Прашањето со името треба да се реши во 2018 година изјави министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, за време на брифингот на дипломатските уредници во Министерството за надворешни работи на Грција, пренесоа грчки медиуми.
Меѓу другото, тој рече дека грчката влада е подготвена за компромис.
Поопширно, тој истакна дека Грција води надворешна политика која во последните три години „значително ја унапреди улогата на нашата земја“, дека таа се перципира и дека постои признание дека Грција зборува подеднакво со сите земји.
Според грчкиот шеф на дипломатијата, би било препорачливо процесот околу прашањето за името да се заврши до крајот на 2018 година, за да не се чека 2019 година, која е изборна година за двете земји и е не е соодветна за решавање на такви прашања.
Тој рече дека има значаен напредок во односите меѓу двете земји во последните две години и дека „мора да решиме две клучни прашања: прво, јавниот иредентизам и да ја деградираме предрасудата дека Грција не сака постоење на соседната земја“, пренесе грчкиот „Press724“.
Изразувајќи уверување дека новата влада на Скопје е подготвена за компромис, тој истакна дека грчката страна има решение кое може да биде прифатено во јавноста од двете страни.
„Сакам компромиси што се фер и продуктивни, а не лоши кои ќе донесат дезорганизација”, рече тој, истакнувајќи дека Грција нема никакви претензии, дека таа е третиот инвеститор во соседната земја.
На брифингот Коѕиас информирал дека за три до четири недели, Метју Нимиц ќе оствари средби со преговарачите од двете страни.
Не треба да имаме победници и поразени, истакнал Коѕис, нагласувајќи дека дојде време за компромис.