Финскиот претседател Саули Ниинисте објави дека скандинавската нација ќе поднесе барање за приклучување кон Северноатлантската алијанса, пренесоа медиуми



Тој претходно изјави дека приклучувањето кон блокот несомнено ќе ја „зајакне“ националната безбедност на Финска.

Вчера рускиот претседател го предупреди финскиот колега дека таквата одлука ќе биде „грешка“

Ако Хелсинки се приклучи на алијансата, тоа ќе стави крај на повеќедецениската политика на неутралност во текот на која Финска имаше пријателски политички и економски односи и со западниот и со источниот блок за време на Студената војна.