Бомбаш самоубиец уби 3 деца и 3 војници во Пакистан

Во самоубиствен напад во северозападен Пакистан, во близина на границата со Авганистан беа убиени тројца припадници на армијата и три деца.



Бомбашот самоубиец го активирал елекот со експлозив во близина на безбедносното патролно возило во селото во близина на градот Мир Али, во племенската област Северен Вазиристан, пренесе АП.

Двајца војници загинаа на лице место, додека третиот војник, како и децата кои си играа во близина, беа тешко повредени.

Итно биле пренесени во болница со хеликоптер, но никој од нив не преживеал.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а војската соопшти дека безбедносните сили и разузнавачите почнале да ја пребаруваат областа во потрага по бомбаши самоубијци.