Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за ТВ Прва изјави дека се се’ посилни постојаните притисоци врз Србија (околу воведувањето санкции кон Москва) и разговорите што ги води се многу тешки и дека е многу загрижен.
Вели дека во директните разговори „се’ што го кажуваат, тие го кажуваат три пати полошо“ и вели дека и тој тоа што ѝ го соопштува на јавноста на средбите го кажува „три пати полошо. Па, можете да замислите како изгледа“, рече тој за притисоците што ги трпи Србија.
Велат дека дека она што ѝ го прави Русија на Украина, е многу полошо од она што го направи Србија… „Па тогаш што не ја бомбардирате Русија, како што (ја бомбардиравте Србија“, рече претседателот на Србија, пренесуваат медиуми.
Вучиќ вели дека му укажуваат дека „Украина по никоја цена нема да се откаже од својот интегритет, а потоа тоа го бараат од Србија.
„Србија да се откаже од својот интегритет, тоа може да се случи само со пиштол до чело, но не на мене туку на нашите деца“, рече тој.
Вели дека странските амбасадори не можат и нема да ја водат политиката на Србија. Суштината, како што вели, е да му се одземе на Путин косовскиот аргумент на Косово, а дали поради тоа Србија ќе скрши заби – не е важно.






