Кабинет на Петков: Премиерот скоро нема да дојде во Скопје

Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да го посети Скопје, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова.



„ Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага се додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите и разбирање, што покажуваат заштита од дискриминација на бугарското етничко малцинство“, изјави Бориславова за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Таа нагласи дека „Бугарија не бара малцинство” во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Република Северна Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи”.