Констракта може да остане без бодови – соседите ѝ дале многу гласови

Евровизија излезе со соопштение дека во финалната вечер имало нерегуларно гласање.



Партнер на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го следи гласањето за време на Евровизија, рече дека во резултатите на шест земји идентификувале „одредени неправилни шеми на гласање“.

Иако во изјавата не е експлицитно наведено што се „неправилни шеми на гласање“, таа не може да се однесува на ништо друго освен на моделот на гласање на соседните земји или европските „блокови“ – како скандинавските земји – традиционалните по 12 бодово што константно ги разменуваа(т) Грција и Кипар…

Но, и поените што си ги даваат земјите од поранешна Југославија.

„ЕБУ многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да манипулира со Изборот за песна на Евровизија и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните инструкции за гласање, без разлика дали таквите гласови можат да влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето.

Тоа би можело да значело дека претставничката на Србија, Констракта, би можела да ги изгуби единствените 12 поени што ги доби синоќа, бидејќи тие „дојдоа“ од соседството -. Хрватска и Црна Гора. Жирито на Македонија синоќа ѝ додели 10 поени на Констракта. Претставничката на Србија синоќешното натпреварување го заврши на петтото место, додека земја-победник беше Украина.

До 2008 година постоеше редовен систем на гласање според кој победникот на „Евровизија“ се одлучуваше исклучиво според гласовите на публиката од сите земји учеснички.

Токму затоа во 2009 година е воспоставен системот, според кој победникот на „Евровизија“ се одлучува со гласовите на публиката и стручното жири и во еднаков однос. Б92