Италијанската полиција спречила хакерски напади на проруски групи за време на Евровизија во Торино, јавува Ројтерс.
Ова се случи во полуфиналето на 10 мај и во финалето синоќа.
Полицијата соопшти дека ублажила неколку сајбер напади врз мрежната инфраструктура од страна на хакерската група Килнет и нејзината филијала Легија за време на гласањето.
На 11 мај Килнет објави дека биле извршени напади на веб-страниците на неколку италијански институции, вклучително и Сенатот и Националниот институт за здравство.
На Евровизија победи украинскиот бенд Калуш Оркестар со песната „Стефанија“. Победата ја поздрави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.






