На синоќешната финална вечер на Евровизија во Торино, Украина однесе убедлива победа.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите Украинци, на дијаспората и на сите што ѝ донесоа победа на нашата земја. Ова ни е многу важно во овој момент. Слава на Украина“, рече фронтменот на групата.
На прашањето дали публиката гласала за нив поради актуелната војна или поради песната, победниците велат:
„Во последно време сите ни предвидуваат победа, дури и пред војната. Оваа песна ја слушаме во сите земји и многу им благодариме на сите што ја слушаа и гласаа за нас.
„Секоја победа е важна за Украина овие денови, а во последно време е нападната и украинската култура и еве да докажеме дека оваа култура е жива и посебна“, велат победниците.






