Касами: „Комуницираме со ВМРО ДПМНЕ, но ќе размислиме двапати за предизборна коалиција“

„Комуницираме со ВМРО-ДПМНЕ, но за предизборна коалиција ќе размислиме двапати. Ако се договориме да нема предвремени избори, тогаш ќе бараме дополнителни механизми и меѓународна контрола на Владата, заради заштита од криминалот и корупцијата на високите владини функционери“ – изјави лидерот на опозициската партија Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Радио Слободна Европа: Двајцата пратеници на Беса се приклучија на активната блокада на собранието. Кои законски решенија ќе ги блокира вашата партија во Парламентот?

„Нема да влегуваме со барање за избори и да создаваме дополнителни проблеми за државата и граѓаните. Наше барање до меѓународните партнери е дека мора да имаме дополнителни механизми за контрола на Владата. Ако договориме дека не е време да се организираат предвремени избори во ситуацијата, во која е наоѓа Балканот поради војната во Украина, тогаш мора да се договориме да се создадат дополнителни механизми, за да се заштитиме од корупција од високо ниво. Бидејќи, веќе имаме постојани примери како високи владини функционери запаѓаат во криминал и корупција.“

Радио Слободна Европа:Во каква комуникација сте со ВМРО-ДПМНЕ и би коалицирале ли при евентуални предвремени избори?

„Иако имаме редовна комуникација, но, немаме некаков договор за следните чекори како ќе се координираме во поглед на притисокот на нови предвремени избори. Што се однесува до формална соработка за следни избори, искуството од предизборната соработка со СДСМ не става во позиција двапати да размислиме за следен чекор за таква постапка. Кога бевме дел на Владата воопшто не се реализираше тоа што го имавме предизборно договорено, немавме никаква гаранција во тој поглед. Затоа, излеговме од Владата. Ќе ги реализираме и нашите програмски определби во следната Влада со тој што ќе го формира мнозинството во Парламентот.“

Врска до целото интервју:



https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%B5-%D0%BD%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D0%B4%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B8/31846390.html