Македонските граѓани имаат мал процент доверба во полицијата, покажуваат резултатите од истражувањето на Евротинк центарот за европски прашања. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници во осумте плански региони.
„Една четвртина односно 25% од граѓаните на ниво на држава имаат доверба во полицијата, додека оние кои што се изјасниле дека немаат доверба, на ниво на држава, се 40 проценти.
Неутрални, со оценка 3, се 33-34%. На ниво на региони, во источниот регион околу 30% имаат доверба, неутрални се 20-25%, а немаат доверба, 45%“ изјави Александар Стојановски, постар истражувач, Евротинк.
Источниот регион во анкетата учествува со 87 испитаници. Повеќето граѓани од истокот, споредено со националниот примерок, сметаат дека полицијата е транспарентна, односно, веруваат во нејзината отчетност.
Во сите региони граѓаните барале да се воведат реонските полицајци.
„Очекуваат не само реонскиот полицаец, туку целиот концепт на позорникарска служба да се врати, за да помогне во намалување на степенот на несигурност што го чувствуваат граѓаните навечер, преку ден итн“, вели Стојановски







