Соборот на Српската православна црква (СПЦ), што почнува на 15 мај, ќе расправа за одлуката на васеленскиот патријарх Вартоломеј, кој ја призна Македонската православна црква како „Охридска архиепископија“ и има индиции дека владиците ќе одобрат таа повеќе да не се третира како „расколничка”, односно да дојде до канонско единство, дознава „Блиц”, јави дописникот на МИА од Белград.



„Дали тоа „канонско единство“ подразбира автокефалност засега е неизвесно, но она што е сигурно е дека постои можност да се реши спорот, кој датира од 1967 година, кога „таканаречената Македонска православна црква се оддели од СПЦ“. На таа одлука, доколку Соборот на СПЦ се согласи и претходеа обновени разговори меѓу српскиот патријарх Порфириј и претставници на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се одржаа на преговарачката маса во Ниш во најголема тајност„, пишува Блиц.

Зворничко-тузланскиот владика Фотиј неодамна кој со оптимизам зборуваше за резултатите од разговорите во Ниш. Тоа го направи пред да биде објавена официјалната одлука на Вартоломеј, додека потоа ниту тој, ниту други великодостојници на СПЦ се имаат огласено.