Финска денеска потврди дека сака да влезе во НАТО.



Претседателот Саули Ниинисто рече дека Финска, која дели проблематично минато и 1.300 километри долга граница со Русија, мора да поднесе барање за членство во НАТО „без одлагање“.

Ова е голема промена во политиката поттикната од руската инвазија на Украина, пренесуца Си-Ен-Ен..

Во заедничката изјава со премиерот Сана Марин се вели:

„Се надеваме дека чекорите што треба да се преземат за да се донесе оваа одлука брзо ќе бидат решени во следните неколку дена“. Руската инвазија на Украина ги турна Финска и Шведска на работ да аплицираат за членство во НАТО и се откажаа од верувањето кое постои со децении дека мирот најдобро се одржува доколку страните не бидат јавно избрани.

Откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, Финска ја засили соработката со НАТО. Но, досега нема аплицирано за членство за да одржува добри односи со источниот сосед.