Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, вели дека одлуката на Вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија како канонска е добар потег, и оти црквата и народот повеќе не се во изолација.
Но, за добивање на автокефалност ќе мора да има договор со СПЦ, вели тој во интервју за Гласот на Америка.
„Ова е добар потег на Вселенската патријаршија или на г-дин Вартоломеј, како поглавар или патријарх вселенски. Тоа значи дека јерархијата и народот не се веќе во изолација, како што 55 години беше, туку може да сослужува рамноправно со останатите православни хиерарси низ целиот православен свет, според законот или прописот на Вселенската патријаршија.
Но, прашање е дали сите православни цркви тоа ќе го примаат како релевантно или ќе имаат свои поинакви ставови и мислења“, наведува митрополитот Тимотеј во интервју за Гласот на Америка.
Нашите разговори или преговори продолжуваат со СПЦ и тие ќе продолжат се` додека не ја добиеме посакувата цел, а тоа е автокефалност на МПЦ, која ќе биде призната не само од една црква, туку да биде призната од сите. Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе ви кажеме“, вели митрополитот.







