Целосно ги демантираме објавените информации во дел од интернет порталите за наводно приведување на кандидатот за градоначалник на Кавадарци М.Ј.. Полициската станица Кавадарци во соработка со Основното јавно обвинителство Велес денеска презеде мерки и активности во врска со сомнение за сторено кривично дело по член 160 од КЗ, но лицето М.Ј. воопшто не е повикано во полициска станица, се вели во соопштението на МВР објавено доцна вечерва.
„Денеска од страна на граѓанин е доставена писмена пријава дека од страна на лицето Г. Ч. од Кавадарци се врши притисок врз лицата С. Ј. и И. А. да собираат по 50 гласа во корист на еден од кандидатите за градоначалник. Од страна на НККР Кавадарци се направени првични проверки при што е извршен разговор со С. Ј. и известен е надлежен дежурен ОЈО од Велес. Заради документирање на случајот, лицата се сослушани во ОЈО Велес, а со Г. Ч. е извршен разговор во ПС ОН Кавадарци. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, се вели во реакцијата на МВР која што е спротивна на твртдењето на лидерот на опозицијата кој вечерва во Могила изјави дека Јанчев бил уапсен и држен во полиција.
Лицето Г.Ч. за кого пишува МВР е најблизок соработник на Јанчев.




