Од подигањето на „рампата“ во 2009 година, во Македонија досега се увезени над 400.000 половни возила, пишува порталот Мета.
Сиот овој транспорт влијае на аерозагадувањето, недостигот на паркинг места, сообраќајниот хаос и на потребата од милионски инвестиции за проширување на улиците и булеварите низ градовите. Староста на возниот парк низ годините во земјава опаѓа, за да достигне рекордни 19,4 години во 2020 година.
Лани во земјава биле увезени 37.832 половни возила. Најмногу возила на годишно ниво биле увезени во 2010 година – 54.522 и во 2019 година – 41.479. Ланскиот е трет најголем контигент увозни половни возила во историјата.





