„Речиси 80.000 евра, или пет милиони денари се предвидени за репрезентации, односно за подароци, ручеци и вечери по ресторани за градоначалникот Рамиз Мерко, општинскиот совет и локалната администрација, со годинешниов буџет на Струга,. Од тие пари, речиси 48.000 евра му се на располагање исклучиво на Мерко. Во време кога Владата ги повика сите јавни функционери вклучително и градоначалниците да ги намалат непродуктивните трошоци поради економската криза, Мерко повторно се расфрла со парите на граѓаните, реагира локалната опозиција.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: „Без разлика што станува збор за огромна економска, енергетска и здравствена криза сепак не се откажаа од овие трошоци. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, имаме недомаќинско работење на општината… Како советничка група не учествуваме во тие ручеци или репрезентации, кои се одржуваат после секоја седница на советот на општината.’ – рече Ален Деребан од ВМРО ДПМНЕ од Струга.“
„Ова се случува во време кога општината со години е во тешка финансиска состојба и има блокирана жиро-сметка.’ – велат од Алијансата за Албанците. ‘Сигурно е дека централните институции треба да извршат некоја ревизија. Одредени се 2 милиона денари за гориво за 2022 година за општина, која не е транспортно претпријатие.’ – нагласува Нијази Џумкар од Алијансата за Албанците.
„За четири години Мерко за репрезентации потрошил речиси 140.000 евра. Најмногу потрошил во 2019 година, односно речиси 100 отсто од предвидениот износ. Алсат праша во општина Струга: за каква намена градоначалникот ги бара овие пари и каде ќе ги потроши? Ни рекоа дека немаат одговор.“





