Попуст од 25 стотинки за литар бензин и дизел ќе добие секој поединец при полнење гориво на својот автомобил на бензинска пумпа директно при секое полнење гориво до 50 литри, јавуваат бугарски медиуми.
Ова е една од антикризните мерки што ја разгледува владиниот кабинет и која може да стапи на сила во јуни.
„50 литри се доволни за долго време. Во моментов не се разговара за други ограничувања. Се надеваме дека ќе ги расчистиме сите детали со трговците во текот на овој месец и ова ќе започне следниот месец“ изјави заемникминистерот за енергетика Пламен Данаилов.







