Села најави: И ние ќе блокираме закони на ДУИ

На прашањето за коментар за бојкотот во Собранието од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Алијансана Албанците вели дека и неговата партија ќе се обиде да спречи носење на некои закони кои се од тесен интерес за ДУИ – како на пример обидот за приход од игри на среќа.



Лидерот на Алијансана Албанците вели дека неговата опозициска партија е решена да го спречи обидот на ДУИ кој е повеќе од бизнис сфера на интегративците, отколку политичко дејствување.

„Како треба да се однесува еден пратеник кога му доаѓа експресно решение за толкување на дел од законот за игри на среќа, со кое ДУИ всушност има за цел во склоп на државната лотарија да направи уште едно трговско друштво кое ќе им служи милионски суми да легнуваат на нивната сметка? Нема друг начин освен да се блокира такво решение. Затоа велам дека се легитимни вакви чекори против штетни закони, нема друг начин против оние политички сили кои веќе 20 години туркаат закони од свој интерес, узурпирајќи го и судството за да прават што сакаат. Резултатот од тоа нивно дејствување се иселување на граѓаните. На пример, слушнав информација дека за шест  дена 80 илјади граѓани аплицирале за заминување во Германија. Не ми е проверена информацијата, но суштината е дека треба да се најде начин да се дејствува против носењето на штетни закони и одлуки и да се заштитат граѓаните“, рече Села.