Проектот вреден 200 милиони евра кој треба да стартува за две сезони во основната идеја претпоставува дека во новата лига би играле екипи кои се важни и популарани во овој дел од светот. Во него би учествувале најдобрите фудбалски екипи од Екс Југославија, Грција, Бугарија, Романија, Израел, Кипар и Македонија, и според првичната верзија би бил многу атрактивен и гледлив, а со самото тоа и исплатлив.
Во оваа конкуренција би настапиле добро познати имиња како Стеауа, Олимпијакос, Панатинаикос, Црвена Звезда, Партизан, Динамо, Хајдук, Макаби ТА, Макаби Хаифа, Левски, ЦСКА Софија, АПОЕЛ, Омонија, Олимпија, Марибор и Вардар. Се сами значајни учесници во европските фудбалски купови од последните години и децении. Во драфт верзијата замислена е и втора Мега лига со клубови од истите земји, но за сега нема детали, па непознато е дали во неа би имало место за македонски тим.
УЕФА за сега не се изјаснила за ставот на Мега лига организацијата, а познато е дека сите досегашни обиди пропаѓаа поради страв дека не ќе може да бидат организирани односно обезбедени мечевите на дел од ривалите.





