Ковачевски призна дека испланирал 100 милиони евра непродуктивни буџетски трошоци

Премиерот Ковачевски јавно признава дека минатата година кога беше заменик министер за финансии дозволил во буџетот да се најдат најмалку 100 милиони евра кои се непродуктивни трошоци.



,,Во моментов работиме на ребаланс на Буџетот, кој ќе опфати дополнително кратење на уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци.

Се разгледуваат и сите опции за покривање на дефицитот, сите разговори коишто се водат сè со цел да се обезбедат финансиски средства со најниска можна цена на капиталот на пазарот во овие услови”, пишува Ковачевски кој не објаснува зошто воопшто владата во буџетот ставила 100 милиони евра непродуктивни трошоци.

И сега но и лани кога се правел буџетот нивото на задолжување и другите економски параметри беа лоши што укажува на можноста Ковачевски како заменик министер за финансии и владата да знаеле дека има 100 милиони непродуктивни трошоци но сепак свесно да ги оставиле во буџетот.

Целото соопштение на овој линк

vlada.mk/node/28731