Основачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на планетата Бил Гејтс објави на Твитер дека е позитивен на Ковид-19.
„Има позитивен тест за Ковид. Имам благи симптоми и ги следам советите на експертите со тоа што ќе се изолирам додека не оздравам повторно. Среќен сум што сум вакциниран и што имам бустер-доза и што имам пристап до тестирање и до извонредна медицинска нега“, твитна Гејтс.






