За одлуката на Вселенската патријаршија за канонско единство со православната црква во Македонија, која досега ја третираше како расколничка, реакција стигна и од Украина.
„Малата и горда Македонија ја испрати Србија, нејзината црква, а со нив и влијанието на Москва, по рускиот воен брод (на дното од морето – н.з.). На 9 мај Светиот синод на Цариградската патријаршија ја призна Црквата на Северна Македонија како Охридска црква“, на Твитер објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, поранешен заменик-министер на МВР на Украина и бивш пратеник во Врховната рада.






