Признавањето на нашата црква е еден од најважните настани во поновата историја на Македонија

Одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија за признавање на нашата црква за канонска е еден од неколкуте поважни настани во најновата историја на Република Македонија, рамен со други слични достигнувања како на пример стекнувањето на независноста, вели за Фокус универзитетскиот професор Александар Спасеновски, кој важи за голем познавач за црковните прилики и односи.



–Со одлуката на Вселенската патријаршија која доаѓа 260 години по 1762 година кога беше укината Охридската архиепископија и 55 години после 1967 кога беше донесена одлуката за возобновување на оваа древна архиепископија во лицето на МПЦ, нашата црква и нејзините верници стануваат рамноправен дел од поредокот на едната света, соборна и апостолска црква, како и сите други цркви и верници – вели Спасеновски.

Според него, прашањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е последното важно прашање чие успешно решавање ја зацврстува стабилноста на нашата држава. Тој вели дека потегот на Вселенската патријаршија со примањето на Охридската архиепископија во канонско единство е огромен придонес за натамошно зајакнување на темелите на државата.

–Личноста на патријархот Вартоломеј, пак, како и неговото наследство управувајќи ја Црквата овие децении, претставува голем благослов бидејќи оваа генерација православни христијани конечно почнаа да го сведочат чинот на вклучувањето на наследничката на славната Охридската архиепископија во заедницата со останатите православни цркви чија глава е Вселенската патријаршија – вели Спасеновски.

Целиот текст на следниот линк:

https://fokus.mk/shto-znachi-priznavaneto-na-mpts-oa-od-strana-na-vselenskata-patrijarshija/