„Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се повлекува од условувањето за уставните промени за да се тргне дефиницијата 20% за Албанците, ќе се самопостави под кожата на екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски“, вели пратеникот од редовите на Алтернатива, Скендер Реџепи–Зејди синоќа во гостување на ТВ21.
„Кревав глас и пак ќе кренам. Едно ВМРО кое не не’ прифаќа нас како еднакви во Устав, никогаш нема да ја има мојата поддршка. Убеден сум дека ВМРО треба да рефлектира во оваа насока, без условувања. Условувањата не се дел на политичкиот дијалог“, рече Реџепи.







