„Проблемот со Бугарија очекувам да се реши исто како што се случи и со Грција.’ – рече лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија, осврнувајќи се на прашањето на преговорите меѓу Софија и Скопје.“ – јави ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија ги цитираше ставовите на Ахмети во врска со ова прашање: „Оваа ситуација е за мене загрижувачка, бидејќи влијае врз македонските граѓани, кои ја користат таа ситуација со Бугарија да создаваат евроскептицизам, да создаваат антиамерикански ставови. Со загриженост ги следам расправите, во кои тие се искажуваат против Вашингтон, против американската амбасада, божем тука за нешто одлучуваат САД. Овие работи не стојат, ние треба да им бидеме благодарни, бидејќи нашата земја напредува, за да биде сигурно да имаме високи стандарди.“
„Очекувам епилог со Бугарија, она што и се случи на Македонија, која ги реши проблемите со Грција, значи и со бугарската страна мора да помине. Историските проблеми нека ги решаваат научниците и историчарите, а ние мораме да донесеме смели политички одлуки и да се затвори овој процес.“ – рече првиот „интегративец“ Ахмети во емисијата „Клан дебата“.





