Ахмети: ВМРО ДПМНЕ нема поддршка за блокадата ина Собранието од ниедна земја од ЕУ

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија изјави дека ‘ДУИ е клучот на сите влади’.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пренесува: „Во времето кога бевме во коалиција со ВМРО ДПМНЕ истото го правеше СДСМ. За да успее да ја урне Владата, во која учествуваше ДУИ, ние бевме клучот на таа Влада. Сега истата метода ја користи и ВМРО ДПМНЕ, бидејќи ако се тргне ДУИ од ова партнерство во Владата, таа ќе падне сигурно.’ – истакна Ахмети.“

„Зборувајќи за актуелните политички околности, управувањето со глобалната криза, спорот со Бугарија и интегрирањето на државата во ЕУ, Ахмети се задржа и на иницијативата за блокирање на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ, како и поддршката што ја добива од Движењето Беса.“

„Блокадите, бојкотите и саботажите немаат место во демократските процеси во напредните демократии. Оваа најава на ВМРО ДПМНЕ за блокада на Парламентот не е добро за здравјето на нивната партија, бидејќи не се поддржува од ниедна демократска земја од земјите, од земјите каде што ние претендираме да бидеме заедно таму. Во овие процеси предност и се дава на визијата.’ – одговори лидерот на ДУИ Али Ахмети на прашањето која е нивната визија и цел со бојкотот, или саботажата, или блокадата.“

„Не знам дали сакаат да го подобрат имиџот на партијата, или сакаат да бидат ‘црна дупка’ во земјата. Бојкотот нема поддршка од ниедна земја со напредна демократија. Не знам која е нивната агенда, но да се саботираат законите, кои се од полза на земјата, тоа значи дека не добиваат никаков добар имиџ во очите на граѓаните. Сега ни претстои да видиме која е агендата, бидејќи јас зборував принципиелно и оти знам дека ја немаат поддршката од ниедна земја од Европската Унија, тие се против овие стратегии, бидејќи им наштетуваат на развојот и на процесите.“ – нагласи Ахмети во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија.“