„Припадниците на Кумановската група, обвинети и осудени за тероризам поради настаните на 9 и 10 мај 2015 година, се чувствуваат и натаму горди, поради тоа што го направија. Во директна врска од затворот за емисијата ‘Фронтал’ на ТВ 7 двајца од припадниците на оваа група рекоа дека ‘не завршил нивниот стремеж за националното обединување’.“ – објави информативниот портал „Економија онлајн“ од Приштина, Косово во својата информација со наслов „Припадниците на Кумановската група: ‘Не се покајавме, нашиот идеал ќе биде секогаш националното обединување’.“
Инаку, „припадниците на Кумановската група“ се членовите на вооружената група упаднати од Косово, кои во мај 2015 година во кумановската населба „Диво насеље“ учествуваа во дводневниот жесток оружен судир со припадниците на специјалните полициски единици и на кои подоцна им беше судено поради „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“ на Република Македонија.
Во својата информација „Економија онлајн“ пренесува: „На 7-годишнината од она што тие го нарекуваат ‘битка за Куманово’, еден од двајцата осуденици рече дека ‘не се покајал’. ‘Никогаш во животот нема да зажалиме. Нашиот идеал е и ќе остане обединувањето на албанските територии. Ми рекоа дека никогаш нема да излезам од затворот, но јас ќе ја бранам УЧК и од затворот’.“
„Тој смета дека беше востание дводневниот судир во 2015 година кога беа убиени 8 припадници на полициските сили и 10 припадници на оружената група. За делото тероризам беа осудени вкупно 37 лица, од кои 7 со доживотен затвор.’ – извести „Економија онлајн“.





