(ДПЛ)Зошто е уапсен газдата на Кожувчанка и кандидат за градоначалник на Кавадарци

Неофицијални извори од кавадаречката полиција потврдуваат дека Митко Јанчев , газда на компанијата Кожувчанка и кандидат за градоначалник на Каварарци од редовите на ВМРО – ДПМНЕ попладнево е уапсен за изборни нерегуларности.



Според информациите од кавадаречката полиција Јанчев е уапсен по анонимна пријава од засега непознати лица според која тој нудел пари на граѓани за да гласаат за него и да обезбедат гласови за вториот круг од локалните избори в недела.

Според полициските информации Јанчев и негов соработник се приведени во угостителски објект додека двајцата се обидувале да извршат притисок врз граѓаните.

Други информации од Кавадарци велат дека лицата за кои МВР тврди дека Јанчев лобирал да гласаат за него се всушност лица вработени во негова фирма.

МВР во Скопје засега не излегува со информација за случајот.

Лидерот на опозицијата на изборен митинг вечерва во Могила објави дека полицијата го привела нивниот кандидат за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев.

Пред  триесетина дена кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци беше застанат од полиција во Скопје при што во него според неговата партија било вперено оружје.

Поврзани вести:

Кој го излажа Груевски дека е уапсен Митко Јанчев?