Државната комисија за спречување корупција води постапка против акуелниот директор на Финансиска полиција, Арафат Муареми потврдила за Инфомакс претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.
Неофицијално се испитува потелкото на имот на директорот на Финансиска полиција за кој изминативе години беа доста турбулентни и проследени со низа скандали од кои последниот резултираше и со кривична пријава за Муареми.
Mуареми најверојатно е еден од најбогатите државни функционери, а неговиот Анкетен лист доставен до ДКСК повеќе наликува на Анкетен лист на бизнисмен отколку на државен службеник.
Имено Муареми поседува барака во Скопје од 470 м2 која чини повеќе од 70 илјади евра, во Гостивар тој поседува куќа од 500 м2 со дворно место од 1500 м2 која чини неверојатни 250 илјади евра. Тој поседува уште еден плац од 600 м2, плац во Гостивар кој чини 30 илјади евра. Муареми во својот анкетен лист има наведено и два автомобила Мерцедес кој заедно вредат околу 35 илјади евра, а на двете банкарски сметки кои се во сопственост на неговиот родители има 115 илјади евра во кеш и 30 илјади швајцарски франци.
Она што е можеби најпроблематично е што за поголем дел од својот имот Муареми нема наведено како се има стекнато со истиот, односно како со државна плата се стекнал со луксузен имот во Гостивар од 250 илјади евра.
Покрај постапката во ДКСК за Муаереми се води и постапка во Обвинителството за гонење на организиран криминал која е резултат на кривичната пријава која ја поднесе државниот правобранител, а се однесува на периодот кога Муареми е истражител во СЈО.
Целиот текст на следниот линк:
ДКСК отвори постапка против директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми





