Калајџиев: Добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината

Професорот Гордан Калајџиев смета дека фрлањето на македонското знаме од страна на македонската претставничка на „Евровизија“ беше ненамерно, но смета и дека ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината.



-Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето, второ тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме“ и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината и четврто, сите се јаки патриоти на прсти, а инаку „многу на број, малку за бој!”, вели тој.