„Денес, на 9 мај, го одбележуваме Денот на Европа, се потсетуваме на првиот чекор кон создавањето на Европската унија, проект кој ќе донесе мир, братство и соседска соработка. Токму во оваа насока се и нашите политики, прозападни и во борбата со времето да станеме дел од овој сојуз.“ – наведува опозициската албанска партија Беса во своето соопштение, кое го пренесува ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан го наведува натаму соопштението на БЕСА, која истакнува: “Во овој дух и во оваа насока, токму денеска го одбележуваме 9 мај и за најголемиот протест од војната, тој од 2016 година во организација на Движењето БЕСА, протест кој ќе ја врати надежта на Албанците со разнишување на темелите на тогашната власт. Граѓаните, Албанците и порачаа на ДУИ, ДОСТА Е!“
„Од тој легитимен протест Албанците од сите градови на с.Македонија се организираа едногласно да кажат СТОП на монтираните случаи, на полициските притисоци и разните репресии од сите страни. Ќе го паметиме долго време во нашето сеќавање, сеќавајќи се на него во секое време и барајќи отчет и одговорност за секој монтиран случај, за секое насилство и угнетување направено врз Албанците. Ќе продолжиме да бидеме глас на Албанците како што тоа го правевме во континуитет со различни акции и користење на секој, кој било демократски механизам.“
„Албанците се клучниот чинител во оваа земја. Движењето Беса е на и останува на албанскиот народ!“ – се вели во ова соопштение на Беса.





