Министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој беше екс вицепремиер за корупција и етика во владата сексистички навредувал адвокатка на судење за клевета против новинар, информира Љупчо Златев според кого сега и судот има ,,путер на главата”.
,,Очигледно е дека рурално – фрустрираната клика на власт ја контролира работата на судовите па оттука меѓународните извештаи за корупција и влијание врз судовите се покажуваат како целосно точни. Имено, министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска сексистички ја омаловажувал мојата адвокатка Ruzica Nikolovska , во случајот во кој таа ме брани од него, пишува уредникот на Радиото Лидер кој открива дека тој е тужен по прилог во кој разоткрил како соработници на според него ,,криминалецот Љупчо Николовски шверцувале тутун во Македонија, па за тој прилог министерот ме тужи за клевета”.
Златев информира дека е симптоматично што судот рочиштето го закажало во 9:00 часот утринава кога тој има емисија на радио, што според него значи дека судот сака да го цензурира и наместо да закаже половина час подоцна, не дозволил рочиштето од ова утро да се одложи.
,,Да повторам, судот ми го спречува правото на правично судење со самото тоа што ме спречува да присуствувам на моето судење кога е присутен Љупчо Николовски кој на рочиштето наместо да одговара на прашањата на мојата адвокатка, зборувал колку бил успешен како министер. Ми спречија мене да поставувам прашања а ги избегнувале прашањата од адвокатката
Да биде кафкалијанската гнилост уште пострашна, на судењето министерот почнал сексистички да ја навредува мојата адвокатка, со зборови кои ми е срам да ги напишам овде.
Каква гнаса, каков срам за општеството е овој деликвентен нус продукт на трулежот, проценете сами!
Затоа што очигледно судот не може да ми обезбеди правично судење од овој болшевик, на следното рочиште од наведените причини ќе побарам судењето да сопре и без да признаам вина на Љупче Николовски да му ги платам бараните 1000 евра.
Ќе му ги платам на злоупотребувачот овие пари. Само да престане ова лудило и да не страдаат недолжни луѓе како мојата адвокатка.
Во исто време, фрустрираниот Љупчо може да ме тужи и за овој статус, иако живеам скромен живот, ќе му ги платам и тие пари. СЛОБОДАТА ОЧИГЛЕДНО ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ЦЕНА, ЦЕНА КОЈА СУМ ПОДГОТВЕН ДА ЈА ПЛАТАМ!!!”, пишува револтираниот новинар кој бара заштита од сексистичките напади врз неговата адвокатка.
Министерот Николовски кој и самиот е женет а стапи во брак кога стана висок владин и партиски функционер и сигурно не би сакал некој да ја навредува неговата сопруга на сексуална основа, до објавување на овој текст нема реакција за обвинувањето од новинарот.






