Петров: Не е Македонија бугарска, туку Бугарија е руска

На социјалните мрежи во Бугарија кружи порака до поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, испровоцирана од негова изјава во намерата да објасни какви се врските помеѓу Бугарија и Русија!Но, вистината е: Не е Македонија бугарска, туку Бугарија е руска! =- пишува во објава на Фејсбук поранешниот пратеник и претседател на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.



„Историјата на Бугарија започнува со Договорот помеѓу Руското Царство и Отоманската Империја после војната во 1877-1878 година, од Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година за таканаречената Санстефанска голема Бугарија во чии рамки била цела Македонија, делови од денешна Србија, целиот север од денешна Грција, Корча од денешна Албанија, со цел Русија преку Македонија да излезе на Егејското Море од него на Средоземното Море!

За волја на вистината Санстефанскиот договор никогаш не се реализирал, останал мртво слово на хартија, бил речиси целосно ревидиран со Берлинскиот конгрес одржан од 13 јуни до 13 јули 1878 година во Берлин, затоа останал неизживеана романса на Софија! И не случајно Бугарија беше во Варшавскиот Пакт, Софија коленичеше пред Москва со децении…

Не случајно Русија ја ослободи Бугарија во Втората Светска Војна! Таа историја не се крие, Бугарија и да сака не може да побегне од Русија, иако со Софија владеат марионети кои се спротивност од волјата на народот!- пишува Петров.

„И еве зошто Бугарија е руска, а Македонија никогаш не била бугарска!

Ако сте бугарски претседател, ќе мора да ја прифатите парадата кога во Бугарија доаѓа странски шеф на држава на плоштадот пред црквата “Свети Александар Левски“.

Гостинот учтиво Ве прашува “Како се вика оваа импресивна црква?“

“Свети Александар Левски!“ – одговарате Вие.

„Да, ова е веројатно бугарски светец?““

Не!“ велите “ова е руски генерал кој ги победи Швеѓаните!“

Гостите куртоазно Ви се потсмевнуваат, па продолжувате да голтате кнедли…

Влегуваш во кола да одиш во Претседателската палата. Попатно го гледате величествениот споменик изработен од Арнолдо Цоки.

“Дали ова е веројатно Ваш познат генерал?“ прашува вашиот придружник.

“Не!“ велите “Ова е Рускиот Император Александар Втори.“

“Но, кокетната црква од десната страна мора да биде прекрасен пример за бугарската православна традиција?“ – западниот гостин учтиво ја менува темата.

Овде, дури и да молчите преведувачот брза “Ооо, не, не! Ова е Руската црква во Софија!“

И, веднаш потоа објаснувате, дека името на прекрасниот булевар со костенови дрвја и жолтата калдрма по која минувате, секако е булевар “Русија!“

Сето ова се случува во рок од 3 до 4 минути и на не повеќе од 500 метри, значи за само една минута лимузината веќе пристига, вие сте во претседателската палата и на гостинот му објаснувате дека кабинетот на шефот на бугарската држава и премиерот се еден спроти друг, на булеварите “Дондуков 1“ и “Дондуков 2“.

И не, генерал Дондуков не е бугарски генерал кој се борел во една од бугарските “победнички“ војни, туку Дондуков е руски принц!

После сето ова, во салата со грбот на Претседателската палата, шефот на бугарската држава го започнува својот говор “Ваше височество (или господине претседателе), ја посетувате гордата и независна нација, позната по својата славна историја, силно поврзана со нејзините национални херои и национални традиции.“

Смешно, нели? Хахахахахаха Да ти пукне жолчката од “бугарска“ историја Хахахахахаха

Претседателот Петар Стојанов не спомна, дека седиштето на градоначалникот на Софија, се разбира, се наоѓа, каде на друго место, ако не, на улица “Московска“. А, на само два чекора се улиците “Ск’саков“ и улицата “Генерал Гурко“.

Сето ова, се разбира, и не е толку едноставно да се каже, уште потешко е да се проголта. Но, тоа е само колку да не сме неинформирани, каде се наоѓме, во Бугарија или во Русија, во Москва или Софија…

Во Бугарија се’ е препишано, Бугарите учат лажна историја, настојуваат во своите лаги и другите да ги убедат, да ги убедат и “бугарите“ во СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, дека Бугарија е мајка на Македонија, дека Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик!

И така, Бугарите ќе ви зборуваат за Клеопатра како Македонка, дека Бугарија е татковина на вампирите и на сирените, дека Атлантида е бугарска земја, Исус е бугарин, дека бугари се и Кинезите, Монголите, Татарите, Хуните, Иранците, Русите, Инките… нека извинат тие што ненамерно се пропуштени…

А, не се далеку од овие приказни и софиските врховисти и колаборационисти, кои отвораат “културни центри“ на фашисти во Македонија, за да докажат дека Македонците се бугари!?

Знаете, бугарите се како Балтазар или Алиса во земјата на чудата, за нив се’ е можно!

Поголеми од овие будалаштини се само македонските одроди и изроди кои за пари решиле да ја продаваат Македонија и Македонците во новата ревизионистичка македонска историја, во која ќе се учат сите овие пародии, на чело со медиокритетот Драги Ѓоргиев, кој ете наградно од марионетската влада доби утешна титула академик!

И кога некој од Софија ќе отвори уста да каже, Македонија е под руско влијание, дека Македонците се креација на Москва, а тукашниве билмези ќе се придружат во борбата против “руското влијание во Македонија“ како Дон Кихот и Санчо Панса, работата е зини земјо и голтни ги!“