Навивачката група „Војводи“ од Тетово со јасна порака на транспарент истакнат на натпреварот од Втората македонска фудбалска лига – Запад на нивниот Тетекс со Кораб:



„Ништо не се смени, останавте исти, угнетување на Македонецот, споменик за терористи“, порачаа навивачите на Тетекс, мислејќи на неодамна отворената кула во чест на ОНА во Слупчане, која тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, на почетокот од воениот конфликт во Македонија во 2001 година ја означи како терористичка организација.