Директорот на ЦИА Вилијам Барнс има различно мислење од украинскиот претседател Зеленски кој тврди дека Русија може да употреби нуклеарно оружје во агресијата врз Украина.
И покрај зголемените влогови за Кремљ, Барнс вчера повторно изјави дека до денес нема индикации за распоредување или употреба на руските нуклеарни капацитети.
„Ние како разузнавачка заедница не гледаме практични докази во овој момент на руското планирање за распоредување или дури и потенцијална употреба на тактичко нуклеарно оружје“, рече Барнс. Но, со оглед на минатото шушкање на Кремљ, не можеме лесно да ги исклучиме тие можности“, изјавил Барнс пренесуваат повеќе западни медиуми.
Обраќајќи се во врска со неодамнешните новински извештаи кои укажуваат дека американското разузнавање и помогнало на Украина во извршувањето на смртоносни напади врз руски цели, Барнс ги повтори претходните изјави на Националниот совет за безбедност и Пентагон, кои негираа дека САД дале конкретни информации за таргетирање.
Барнс призна дека е загрижен што Путин го нарече пристапот на Шведска и Финска во НАТО „црвена линија“, но рече дека неговата реторика не треба да биде пречка за проширен сојуз, ако тоа е она на што двете нордиски земји и НАТО на крајот се согласат што според најавите е сè поверојатно.
Поранешниот дипломат од кариера зборуваше и за перцепцијата на Кина за војната и за нејзината континуирана, премолчена поддршка за неа.
„Не би ја потценил … посветеноста на Си Џинпинг за партнерството со Путиновата Русија“, рече Барнс, цитирајќи ја долгата заедничка изјава издадена од земјите пред почетокот на инвазијата. „Мислам дека тоа е одраз на посветеноста на двете раководства за партнерство кое секое го смета за корисно, главно за конкуренција со Соединетите држави.





