Кралицата Елизабета Втора има подготвено голем број говори за големи настани, меѓу кои е и оној што ќе го одржи доколку се случи Третата светска војна.
Една од верзиите е напишана во 1983 година за време на Студената војна, а на јавноста стана достапна во 2013 година, кога ја објави Националниот архив на Велика Британија. Одредени делови од говорот се застарени, но се верува дека неговата суштина ќе се искористи доколку избие нова војна.
Текстот на говорот кој го пренесе Б92 .
„Никогаш не ја заборавив тагата што ја чувствував додека го слушав татко ми (Џорџ VI) на тој кобен ден во 1939 година, велејќи дека Втората светска војна започнала. Немав поим дека еден ден ќе треба да го кажам истото. Сепак, какви и да не чекаат ужаси, сето она што ни помогна двапати да ја зачуваме слободата во текот на овој век, ќе ни помогне повторно да преживееме“, се вели во говорот.
„Сите знаеме дека сега се соочуваме со поголеми опасности од кога било досега. Непријателот не е војник со пушка или авијатичар што лета над нашите градови и села, туку ја злоупотребува технологијата, која има смртоносна моќ“.
Клучната порака на Елизабета на крајот од говорот е за единството и обединетата борба против злото. @
Значи мојата порака до вас е едноставна.Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат, бидете утеха за осамените и бездомниците.Нека вашето семејство им даде надеж на оние на кои им треба. Додека заедно се бориме против злото, да се молиме за нашата земја и луѓе со добра волја каде и да сте. Господ да ве благослови“.







