Ова пикантно макало е навистина одлично за оние кои обожуваат луто и посно јадење.



Потребни состојки :

-10 сушени благи пиперки
-10 сушени лути пиперки
-500 мл доматен сос
-сол
-масло

Начин на подготовка :

Сувите пиперки се потпекуваат на ќумбе, рингла, плинско или било кое друго грејно тело со кое располагате.

Пиперките се толчат со сол и ситно сецкан праз. Се додава доматниот сос и на крај макалцето се прелива со неколку лажици врело масло.