Попладнево од страна на припадници на МВР во Кавадарци е уапсен кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на овој град.
Според извори во неговиот изборен штаб кандидатот Митко Јанчев е приведен поради наводен обид за поткуп на гласачи за кој полицијата не дала никаков доказ.
Дека Митко Јанчев бил приведен соопшти и лидерот на опозицијата на изборен митинг на коалицијата „за подобра Македонија“ вечерва во Могила.
Негови соработници велат дека Јанчев бил ослободен по два часа минати во полициска станица а во полиција сеуште е едно лице негов соработник кој сеуште се испитува од припадници на МВР.
Поврзани вести: Кој го излажа Груевски дека е уапсен кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ во Кавадарци?
Кој го излажа Груевски дека во Кавадарци му е уапсен кандидатот за градоначалник




