Директорот на ЦИА Вилијам Барнс изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека интензивирањето на воениот конфликт во Украина ќе даде подобри резултати во војната.
Здравствената состојба на рускиот претседател е широко експлоатирана тема во западниот печат со претпоставки дека има Паркинсонова болест, психички, па дури и дека има рак….
Барнс, на настан организиран од Фајненшл тајмс во Вашингтон, рече дека „душевната состојба“ на Путин моментално е таква што тој не верува дека може да си дозволи да загуби во војната, објави Ројтерс.
„Верувам дека сега е убеден дека интензивирањето (на војната – н.з.) ќе му овозможи да напредува“, изјави Барнс.







