СБ на ОН усвои резолуција за Украина, но без зборот „војна“

„Советот за безбедност ја изразува својата длабока загриженост за одржување на мирот и безбедноста во Украина“, се вели во соопштението на СБ на ОН во својата прва резилуција за руската инвазија на Украина од почетокот на војната во Украина пред повеќе од два месеци.
Резолуцијата инсистира на потребата од мир, но не прецизира како да се постигне тоа.
По инвазијата на Украина, Русија блокираше резолуција со која се осудуваат нејзините постапки.



Резолуцијата е дел од напорите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој повика на мирно решение на конфликтот и понуди посредување откако ги посети Москва и Киев минатата недела, населението од Мариупол и фабриката Азовстал.

Русија има право на вето во Советот за безбедност на ОН, како и останатите четири постојани членки – САД, Велика Британија, Франција и Кина.

„Советот за безбедност силно ги поддржува напорите на генералниот секретар за изнаоѓање мирно решение“, цитира дел од резолуцијата Би-Би-Си.