Шеснаесеттото издание на модниот настан кој тргна на 22 октомври во Мериот Хотелот во Скопје заврши во Иновативниот центар на Македонски Телеком со мултимедијална презентација на Ирина Тошева. За три дена беа прикажани четиринаесет ревиии на Моден викенд Скопје 2017 кој одеше под мотото #Stopthetraffik.
Посетителите за крај имаа можност да проследат колекција на телентираната Ирина Тошева која е втемелена и инспирирана од циклусот песни за Дениција од легендарниот Петре М. Андреевски. Колекција е за сезоната есен/зима.




