Најавените санкции на ЕУ за руската нафта, кои би можеле дополнително да ги ограничат и онака лошите залихи, беа причина цената на барел нафта да се искачина 113 долари на меѓународните пазари. за остануваат во сенка на загриженоста за глобалниот економски раст.
Растот на цените неделава беше поттикнат од предлогот на ЕУ за постепено прекинување на увозот на руска нафта и деривати во следните шест месеци и забрана за транспорт и осигурување за транспорт на руска нафта.
Игнорирајќи ги повиците на западните земји за зголемување на производството, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, останаа на својот план, кој предвидува само скромно зголемување на производството во јуни, од 432.000 барели дневно.
Аналитичарите оценуваат дека реалното зголемување ќе биде далеку помало со оглед на ограничениот капацитет.
Инвеститорите очекуваат и поголема американска побарувачка оваа есен, откако Вашингтон најави дека планира да купи 60 милиони барели сурова нафта за стратешки резерви.
ОПЕК во посебен извештај соопшти дека цената на барел од нафтените кошници на нејзините членки во четвртокот изнесувала 113,04 барели, што е зголемување за 2,21 долар во однос на претходниот трговски ден.







