Нов случај против високо профилиран обвинител од екс СЈО

Антикорупциска комисија отворила случај за сопругата и братот на обвинителот Артан Ајро објавува порталот Инфомакс.



Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Инановска за Инфомакс потврдува дека ДКСК има отворено предмет за јавниот обвинител Артан Ајро, случај во кој неговата сопруга и неговиот брат се стекнуваат со голем личен бенефит.

Според информацијата сопругата на Артан Ајро, Елеонора Ајро од неодамна е судијка во Управниот суд за што токму ДКСК има отворено предмет.

Елеонора Ајро под сомнителни околности најпрво станува дел од Академијата за судии и обвинители. Согласно Законот за академијата за јавни обвинители и судии, таа морала да работи одреден период во македонското правосудство како судија или обвинители или во спротивно да ги плати трошоците за обуката кој чинат околу 200-те илјади евра. Соогласно Законот тие што ќе ја завршат академијата понатаму се именувани за судии или обвинители.

Сепак сопругата на обвинителот Ајро ниту станува судија, ниту обвинител, ниту пак ги враќа огромните трошоци кон државата туку се вработува во Управниот суд.

Предходно Ајро се споменуваше во контроверзен контекст во неколку други случаи од кои најпознат е случајот во кој кривични пријави против судијка, Ајро и обвинителот Гаврил Бубевски имаат поднесено и државниот правобранител и оштетено лице.

Повеќе детали за новата истрага против еден од најспоменуваните обвинители на екс СЈО на овој линк.

Најнова вест

Официјална Софија се отепа од докажување дека Македонија е бугарска а не сака да види дека всушност Бугарија е ,,Руска”

Руските историски маки на Петар Стојанов и бугарските претседатели