Лидерите на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) – Денис Пушилин и Леонид Пашечник – назначија вонредни и ополномоштени амбасадори во Русија. Соодветните декрети беа објавени денеска на веб-страниците на лидерите на републиките.
Олга Макеева станува амбасадор на ДНР , а Родион Мирошник е назначен за амбасадор на ЛНР во Русија.
Регионите Доњецк и Луганск на истокот на Украина го започнаа своето отцепување со офанзивата во 2014 година, а сегашната војна практично започна со признавањето на нивната независност од страна на рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари.
Два дена подоцна, руската армија, собрана на границата, вклучително и во Белорусија, ја нападна Украина. Ова го прогласи Путин во полноќно обраќање до нацијата како „специјална операција“.







