„Журнал“: Не успеа „Општеството за сите“ на Заев, треба да се смени и националистичкиот менталитет

„Општеството во с.Македонија не може воопшто да се промени без да се промени и националистичкиот и етноцентристичкиот менталитет.“ – вели информативната агенција „Журнал“ во редакцискиот коментар со наслов „Заев за Македонците ‘предавник“, а за Албанците ‘измамник’ – потфрли концептот ‘Општество за сите’.“

„Журнал“ пишува: „Поранешниот премиер и поранешен претседател на СДСМ Зоран Заев, на чело на Владата дојде исполнет со енергија и напори да направи големи промени во полза на општеството. Но, со добар почеток и со фатален крај. Влезе во Владата низ прозорецот, а излезе низ вратата. Стана првиот премиер во историјата на државата кој поднесе оставка од премиерската функција. Заев поднесе оставка по поразот на локалните избори и ја втурна с.Македонија во политичка криза.“

„Земјата влезе во нова фаза на политичка нестабилност, откако Заев најави оставка по тешкиот пораз на СДСМ на локалните избори во октомври 2021 година. Заев многу вети, а малку оствари. Тој предизвика разочарување и беше доживеан како измамник. Македонските националисти го означија и како ‘предавник’ по Договорот со Грција, со кој го смени името на државата од ‘Република Македонија’ во с.Македонија, за да стане земјата членка на НАТО.“

„Во најделикатните моменти во земјата, кога се зголеми граѓанскиот револт поради владеењето на дотогашниот режим, Заев ја откри тајната на победата на изборите, земајќи во СДСМ некои од Албанците, кои беа јавни личности. Албанците го дочекаа Заев како личност, која има во рацете ‘волшебно стапче’, за да го подобри животот на граѓаните. Во циклуса на избори Заев се натпреваруваше со нов концепт, кој стана еден од најслушаните слогани во секое катче во земјата – со ‘Едно општество за сите’. Но, колку тој успеа да го исполни овој слоган во време на својот мандат?“

„Идејата за слоганот беше успешна на два циклуса на избори, но реалноста беше поинаква, бидејќи во с.Македонија албанскиот народ беше повторно дискриминиран и се бореше употребата на албанскиот јазик. Слоганите можат да се менуваат и да се употребуваат зависно од партиските интереси, но општеството не може да се промени воопшто бе да се промени и националистичкиот и етноцентристичкиот менталитет.“

„Во режимот на ВМРО ДПМНЕ Албанците се соочуваа со дискриминација и беа жртви на многубројни наместени случаи. Затоа, за да навлезе во албанскиот камп Заев употреби спасоносна карта, создавајќи ‘општество за сите’, заради расветлување на сите политички монтирани случаи, како и со цел да бидат ослободени Албанците од затворите, во кои неправедно се наоѓаа. Но, се работеше за ветувања, кои биле измами и кои му го отворија патот, за да дојде на власт. Заев го остави блокиран патот на надежта за општеството. Тој пат не беше расчистен никогаш.“

„Заев дојде на власт со гласовите на Албанците и успеа да стане подоверлив и од самите албански политичари во албанскиот кампус, добивајќи повеќе од 50 илјади албански гласови. Тие гласови беа решавачки за неговата победа против националистичката партија ВМРО ДПМНЕ. Но оваа ‘формула’ на Заев се покажа како успешна само додека тој беше на власт и потоа беше демаскирана со дадените и неостварени мегаломански ветувања.“ – заклучува „Журнал“ во коментарот.