Калоѓера: „Бугарија, откажи се од експанзионистичките цели кон Македонија! – Делчев е дел на нејзината историја!“

„Зарем не е веќе доста околу тоа беспотребно препукување во врска со Делчев, македонскиот јазик, Мисирков и сличните историски одредници на македонската историја?! Завлегувањето, мешањето на бугарската дипломатија во националната историја на Македонија и ревидирањето на таа нејзина историја на таков начин што ќе се формираат политички, а не научни комисии, е надвор од сите дипломатски протоколи на културните и демократските земји.“ – вели Горан Калоѓера, универзитетскиот професор од Хрватска и македонист-член на Македонската академија на науки надвор од редовниот состав, во објавата на својот фејсбук-профилот.

Калоѓера пишува: „Дипломати и политичка елито на Бугарија, вразуметете се и откажете се од своите експанзионистички цели кон Македонија! Доста е со тие гомненици, кои му одат на нерви на секој барем и малку образован човек, а особено на мене, бидејќи ми се познати вашите цели кон Македонија уште откога кога Турците ви дадоа кнежевство.“

„Прашање е на времето кога Македонија ќе стане ваш рамноправен партнер во ЕУ и НАТО. Готово е. Доста е! Делчев е неспорен дел на македонската револуционерна историја и вие немате што да барате тука. Македонскиот јазик е суверен јазик на македонскиот народ и тука, исто така, немате што да барате повеќе. И не гибајте ја мечката. Тој воз помина.“