Русковска отвори предистражна постапка за постапувањето на Спасовски во врска со исправноста на автобусот на „Беса транс“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска отвори предистражна постапка во врска со постапувањето на Министерството за внатрешни работи за решението со техничкиот преглед на станицата „Виа Комерц” каде бил сервисиран автобусот на „Беса транс” кој изгоре во Бугарија, потврдија за МКД.мк од Обвинителството. Од таму испитуваат зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци се чувало во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц”, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс”.



„Предистражната постапка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е започната во текот на вчерашниот ден. Во моментов се прибира документацијата што е неопходна за расчистување на случајот. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов не можат да се споделат повеќе детали. Во исто време, во Основното јавно обвинителство Скопје во тек е предистражната постапка која се однесува на евентуални други пропусти од институциите надлежни да ја контролираат работата на фирмата што ја наведувате”, стои во одговорот од Обвинителството.

Од таму додаваат дека до овој момент, Јавното обвителство нема сознанија дека сопственикот на фирмата, Беким Хаџиуе недостапен на органите на прогонот, односно во текот на досегашната постапка тој соработуваше со истражните органи.

Реадакцијата на „360 степени” кон крајот на декември 2021 г. објави дека станицата „Виа комерц” била затворена веднаш по трагедијата во Бугарија, иако пропустите во работата биле откриени повеќе од три месеци претходно.
Решението за забрана за работа кое беше ставено на увид на јавноста, е потпишано од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 26 ноември 2021 г. (три дена по несреќата на автобусот на „Беса транс” во Бугарија).

Од документот се гледа дека неправилности во работата на станицата за технички преглед во село Глумово, Општина Сарај, биле откриени уште на 12 август 2021 г., но од засега необјаснети причини, министерот Спасовски не потпишал решение за привремена забрана за работа – до отстранување на пропустите, иако таков предлог бил изготвен од соодветните служби во Бирото за јавна безбедност.

Целиот текст на следниот линк:

https://www.mkd.mk/makedonija/sudstvo/ruskovska-go-chelsha-postapuvanjeto-na-spasovski-za-ispravnosta-na-avtobusot-na