Прво „не“ од Шведска за НАТО

Шведската владејачка партија е поделена по прашањето за влез во НАТО, бидејќи фракцијата на жените на Социјалдемократите побара Шведска да остане воено неутрална, пишува Гардијан



Аника Страндел, шведска министерка за клима и животна средина и претседателка на федералниот одбор на фракцијата на жените на Социјалдемократите, за весникот „Свенска дагбладет“ изјави дека женската фракција е против влезот во НАТО,

„Федералниот одбор одлучи да остане на ставот усвоен на конгресот, дека Шведска треба да биде воено неутрална и надвор од НАТО“, рече Страндхелова.

Ова е прво сериозно политичко спротивставување на предлогот Шведска да аплицира за членство во НАТО и доаѓа непосредно пред партиската одлука за безбедносната политика на земјата, која треба да биде донесена на 13 мај.

Коалициската влада најави дека до 24 мај ќе донесе слична одлука на барање на шведското Министерство за надворешни работи.

Истражувањето спроведено од агенцијата Новус минатиот месец покажува дека 51 отсто од Швеѓаните се за влез во НАТО, што е првпат мнозинството граѓани на земјата да се залагаат за ставање крај на воената неутралност.

Земја која не војувала од времето на Наполеон сака во НАТО

Шведска е воено неутрална земја два века и не учествувала во војната од 1814 година.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон претходно изјави дека нема да биде потребен референдум за влез во НАТО доколку Риксдагот ја одобри апликацијата за членство.